Данци, Грци и наши ќе градат ветерници во Богданци

Bez autora
Aug 20 2012

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и Сименс винд од Данска во конзорциум со грчки Сименс АС потпишаа договор за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за паркот на ветерни електрани Богданции. Согласно утврдената динамика, првите киловат-часови од ветропаркот Богданции ќе бидат произведени во втората половина од 2013 година. Турбините, се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност на ПВЕ Богданции од 36,8 мегавати со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект.

Данци, Грци и наши ќе градат ветерници во БогданциЕлектрани на Македонија (ЕЛЕМ) и Сименс винд од Данска во конзорциум со грчки Сименс АС потпишаа договор за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за паркот на ветерни електрани Богданции.

Согласно утврдената динамика, првите киловат-часови од ветропаркот Богданции ќе бидат произведени во втората половина од 2013 година.

- Турбините, се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност на ПВЕ Богданции од 36,8 мегавати со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект - велат од ЕЛЕМ.

Вредноста на договорот изнесува 41,1 милиони евра обезбедени преку кредит од германската КфВ банка и пари на АД ЕЛЕМ. Со договорот за набавка на турбините е вклучена и обврска на производителот за нивно одржување во времетраење од десет години. Реализацијата на договорот ќе започне овој месец со тоа што првите ветерни турбини треба да пристигнат напролет. Вкупниот рок за реализација е 13 месеци и во тој период сите машини ќе бидат пуштени во работа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik